Почетна ЕкономијаДенес во Тафталиџе: Домче – Собрание на духови

Денес во Тафталиџе: Домче – Собрание на духови

од nenad
1 минути читај за


Ве известуваме дека денес со почеток од 17 часот во „Домче“ – поранешна месна заедница во Тафталиџе ќе се одржи презентација на работниот процес под менторство на театарскиот колектив GEHEIMAGENTUR од Хамбург и студенти од Архитектонски факултет и Факултет за Драмски уметности – Скопје. „Во една куќа, во било која структура изградена од луѓе, има нерешени конфликти и неисполнети иднини. Куќата, како настанала, нејзината историја и приказните на луѓето кои живееле и работеле во неа, содржат сè уште нереализирани иднини. Нејзините духови ќе ни кажат за овие можни иднини. Треба само да ги најдеме.

Ве покануваме на првото Собрание на духовите. Во оваа ноќ ќе сретнете некои од духовите кои со декади го населуваат ДОМЧЕ, како: Ехото на иднината, Кошмарот на Социјалистичката партија, Духот на ПРОТЕСТтонски, духот Амбис, духот на минливото тело, духот на конфликтите на минатото и борби за иднината, сите тие духови се спојуваат во Собранието на духови. Како да ги пречекуваме овие нови соседи во нашето маало? Драги комшии, добредојдени сте на првото Собрание на духовите на ДОМЧЕ. Запознајте го Собранието на духови. Ќе имаме топла супа, топол чај и огномет.

Продолжете со борбата за зачувување на ДОМЧЕ. Учесници: Студенти од Архитектонски факултет Скопје: Ева Живковиќ, Габриела Гаврилоска, Ангела Станоевска и студентите од Факултет за Драмски уметности – Скопје: Александар Јовановски, Борис Василески и Кристијан Караџоски. Месната заедница „Домче“ се наоѓа спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул.„Варшавска“ бр.23. Организатори на настанот: Факултет за работишто не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности. Настанот е поддржан од ГЕТЕ институт -Скопје. Во случај на лоши временски услови понесете си соодветна опрема.