Почетна Убавина и здравјеНередот може да е знак на депресија и други нарушувања! – Убавина и здравје

Нередот може да е знак на депресија и други нарушувања! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Ако нередот во дневната соба постојано се повторува и почнува да влијае врз секојдневниот живот, тоа може да биде знак на подлабоки проблеми, како анксиозност, депресија, дури и некоја форма на опсесивно-компулсивно нарушување

Ако вашата кујна се гуши под купишта валкани садови, а ѓубрето чека со денови да го исфрлите, јасно е дека одржувањето на домот не е еден од вашите приоритети. Сепак, психолозите тврдат дека нередот во домот открива многу повеќе од тоа дали некој е мрзелив – тој може да биде огледало на вашата ментална состојба.

Скриен неред – илузија на совршенство

Ако на прв поглед вашиот дом изгледа совршено, но кантата за ѓубре и другиот отпад се скриени, тоа може да укажува на личност што сака да остави што подобар впечаток кај другите. Таквите луѓе честопати носат „маски“ за да го сочуваат позитивниот имиџ, дури и ако тоа е само привидно.

Расипани работи – одбегнување одговорности

Неисправните апарати или оштетените предмети, часовник што не работи, светло што не функционира во домот, сигнализираат неспособност за соочување со проблемите. Луѓето што ги игнорираат овие работи најчесто се пасивни, живеат во моментот и се надеваат дека проблемите ќе се решат самите од себе.

Хаотична работна маса – одраз на креативен дух или неорганизација

Натрупаниот работен простор може да укажува на ексцентричност, детинесто однесување или преголема самодоверба. Сепак, кај креативните поединци нередот понекогаш функционира како систем, бидејќи тие секогаш знаат што каде им се наоѓа.

Насобирање неиспеглана облека и оставање хаос зад себе – склоност на прокрастинација

Луѓето кои постојано го одложуваат пеглањето или перењето на облеката најчесто се борат со одложувањето на обврските. Таквите луѓе не го гледаат одржувањето на редот како приоритет, туку постојано го одложуваат за подоцна, фокусирајќи се на моменталните потреби или активности.

Празен и ладен дом – чувство на несигурност


Поврзани објави

Домот без многу мебел или лични предмети може да укажува емоционална незрелост. Таквите луѓе мислам дека им треба некој друг за да создадат топла и пријатна атмосфера, бидејќи не пронаоѓаат среќа во самотијата.

Валкана кујна – знак на депресија

Кујната е срцето на секој дом, па нејзиното запуштање најчесто е одраз на ниска енергија или депресивно расположение. Насобраните садови и дамки во кујната може да бидат првиот знак дека личноста губи волја за основните обврски.

Неуредна бања – последица на стрес

Бањата обично е една од најчистите простории, но ако е занемарена, тоа може да укажува на хроничен стрес. Луѓето кои постојано се под притисок честопати немаат време и енергија да се занимаваат со одржување хигиена во домот.

Складирање непотребни работи – опсесивна акумулација

Прекумерното трупање работи во домот може да биде симптом на нарушувањето, познато како патолошко собирање. Ова однесување е форма на опсесивно-компулсивно нарушување и изискува стручна помош.

Од друга страна, опсесивната потреба од беспрекорна чистота, исто така, може да биде знак на анксиозност. Пронаоѓањето рамнотежа помеѓу уредноста и лежерноста е клучот за ментална благосостојба. Со средувањето на просторот околу себе, многу луѓе успеваат да го ослободат својот ум од негативни мисли.

Па така, редовното одржување на домот не придонесува само естетски, туку и придонесува за чувството на внатрешен мир. Понекогаш, средениот простор е првиот чекор кон средениот живот.

ФОТО: Jason Abdilla / Unsplash