Почетна Убавина и здравје„Кого ќе набиваш на колец? Кому му се закануваш?“ – Убавина и здравје

„Кого ќе набиваш на колец? Кому му се закануваш?“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Јелена Карлеуша тврди дека поранешната пријателка се дружела со неа од корист и дека во најтешките моменти никогаш не ѝ дала поддршка

Пејачката Јелена Карлеуша јавно проговори за нарушените односи со својата колешка Милица Павловиќ, откривајќи дека денес верува оти нивното пријателство од самиот почеток било неискрено и водено од личен интерес. Таа се присети и на сериозни закани кои, како што вели, ги добивала од луѓе блиски до Павловиќ.

Двете естрадни ѕвезди некогаш важеа за блиски пријателки и соработнички, а нивниот дует се најде и на албумот „Алфа“ на Карлеуша. Сепак, кратко по заедничкиот проект, односите почнале да се влошуваат, а пејачката открива дека со време сфатила оти била искористена.

Разбрав дека дружењето било од чист интерес и дека не било искрено. Таа сметаше дека моите политички ставови, ако ги поддржи, може да ѝ наштетат. Милица е многу пресметлива“, изјави Карлеуша, додавајќи дека поради добри односи на многумина им прогледувала низ прсти.

Поврзани објави

Најмногу ја погодило тоа што, за време на јавен линч против неа, луѓе блиски до Павловиќ поддржувале навредливи и заканувачки објави.

Една порака во која некој пишуваше дека ќе ме ‘набие на колец’ беше коментирана со срце. Кого ќе набиваш на колец? Кому му се закануваш?“, праша револтирано таа, откривајќи дека од колешката никогаш не добила ниту порака, ниту објаснување.

printskrin youtube – red tv – karleusa