Почетна Убавина и здравјеНема ни 30 години, а многу е способна! – Убавина и здравје

Нема ни 30 години, а многу е способна! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Рами Алкатани е најубавата Арапка и ќе ја претставува својата земја на избор за мис на светот

Првпат во историјата, Саудиска Арабија се приклучи во изборот за мис на светот „Мис Универзум“, а нивна претставничка ќе биде Рами Алкатани, 27-годишна манекенка родена во Ријад, на која ѝ е дозволено да ги покаже лицето и кожата без хиџаб.

Саудиската манекенка Рами Алкатани многу е позната во арапските земји, бидејќи се има натпреварувано на бројни натпревари за убавина ширум светот – нејзината последна појава на сцената била на изборот за мис Глобал Азија во Малезија.

Со оглед на тоа што таа е една од ретките жени од Блискиот Исток што не носат хиџаб, таа се соочува со разни предизвици.

„Мојот најголем предизвик е моето лично претставување на (типична) Саудиска девојка и нејзиниот изглед“, рекла Алкатани, пред да додаде дека се натпреварувала и на меѓународниот избор за Мис на планетата во Камбоџа, на меѓународниот натпревар во убавина Мис Арабија во Рим, на натпревар за Мис Арабија во светот во Египет и на ирачкиот избор за Мис Близок Исток и Северна Африка.


Поврзани објави

Оваа 27-годишна манекенка се смета себеси за културна амбасадорка на својата земја и рекла дека нејзината главна цел кога учествува на глобалните натпревари е да ја подигне свеста за ова кралство и неговиот народ.

„Целта ми е да учам за светските култури и да ја пренесам нашата автентична саудиска култура и наследство во светот“, рекла таа.

Токму затоа, АлКатани се стреми да ја слави саудиската култура на сцената – каде и да се наоѓа во светот. Дури и носела традиционален фустан Најди на изборот за убавина Miss & Mrs Clobal Asia во Малезија, при што редовно ги известувала  своите 870.000 обожаватели на Инстаграм со објави за нејзиниот изглед.

„Носев костим Најди и бев среќна што ја претставувам регијата Најд и што на нејзиниот популарен костим му се воодушевуваа јавноста и медиумите“, изјавила таа за медиумите.

Руми не е само убавица, таа има и диплома за стоматологија. Покрај тоа, течно зборува арапски, англиски и француски јазик. По стекнувањето на титулата Мис на планетата Саудиска Арабија, Руми јасно ги истакнала своите интереси во рамките на еколошките заложби. Таа учествува во разни проекти за пошумување и садење дрвја и ресурси во економски помалку развиените заедници.

ФОТО: Инстаграм