Почетна Убавина и здравје(Фото) Теодора Џехверовиќ со целосна трансформација! Пејачката се маскираше во Мистик, ја шминкале седум часа

(Фото) Теодора Џехверовиќ со целосна трансформација! Пејачката се маскираше во Мистик, ја шминкале седум часа

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Теодора Џехверовиќ се впушти во тежок потфат и ги изненади сите со фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм. Како што признала, ужива да биде маскирана, а овој пат избрала да се облече како Мистик од популарната холивудска сага „Икс-мен“.

За да изгледа како хероината од големото платно, ја шминкале и боеле цели седум часа. Секој детаљ е рачно изработен и залепен на телото на Теодора. Пејачката откри дека ѝ требале уште толку часови за да соблече сè и да ја измие сината боја.

Сепак, таа е презадоволна од резултатот кој го сподели со следбениците на социјалните мрежи, а тие ја наградија со пофалби во коментарите.


Поврзани објави

„Леле, можно ли е ова“, „Кралица“, „Ова е нереално добро“… беа само дел од коментарите.

 

 

 Фото: Инстаграм Принтскрин  https://www.instagram.com/p/DBzK3SnNNY3/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading