Овен
Работа: Просечната работна недела е пред повеќето типични Овни. Деловниот сегмент е нагласен, но не баш како најпозитивен или најповолен за вас. Без разлика на количината на енергија што ја вложувате, многу работи би можеле да останат недовршени, но без ваша директна вина. Од друга страна, се ви е преку глава и буквално одолговлекувате некои задачи. Ќе бидете дел од мачни и тешки договори, многу документи и административни проблеми, несогласувања со колегите и претпоставените, некои вообичаени ситуации можат да се претворат во нерешливи, што особено може да ве направи нервозни.
Љубов: Зафатен Овен, не дозволувајте луѓе со лоша енергија да се држат до вас, да ви го трошат времето и дополнително да ве нервираат. Низ главата ви се вртат разни мисли, не можете да ги решите дилемите, а во секој момент има нови предизвици. Има навестувања за некои непријатни изненадувања, а некои од вас можеби ќе се обидат да организираат и исценираат лоша приказна за некој близок. Слободен Овен, потрудете се повеќе да излегувате и да контактирате со различни луѓе.
Здравје: Генерално добро здравје, посветете се малку повеќе на спортување, на престој во природа и релаксација.
Текстот продолжува на следната страна