Почетна Убавина и здравјеСите ги прават овие грешки со лозинките: Еве како навистина да ги заштитите вашите профили

Сите ги прават овие грешки со лозинките: Еве како навистина да ги заштитите вашите профили

од nenad
2 минути читај за

Многу интернет-корисници сметаат дека знаат како да креираат безбедна лозинка, но експертите за сајбер-безбедност предупредуваат дека бројни правила до кои луѓето со години се придржуваат денес се застарени и недоволни за заштита на профилите.

Една од најчестите грешки е верувањето дека лозинката автоматски е безбедна ако содржи број или специјален знак.

Комбинации како „Password1!“ се меѓу првите што хакерите се обидуваат да ги пробијат. Стручњаците истакнуваат дека е многу поважно лозинката да биде долга, необична и тешка за погодување.

Застарено е и мислењето дека лозинките треба да се менуваат секој месец. Денес се препорачува промена само доколку постои сомнеж дека профилот е хакиран или дека податоците протекле.

Пречестото менување често доведува до минимални измени на старите лозинки, што не носи вистинска дополнителна безбедност.

Иако подолгата лозинка обезбедува подобра заштита, ниту таа не е доволна доколку корисникот стане жртва на phishing-измама или внесе податоци на лажна веб-страница. Затоа експертите препорачуваат дополнително ниво на заштита преку двофакторска автентикација (2FA).


Поврзани објави

Голем ризик претставува и користењето иста лозинка за повеќе профили. Доколку дојде до кражба на податоци од еден сервис, напаѓачите лесно можат да ги искористат истите податоци и на други платформи што ги користите.

Поради тоа, сè повеќе експерти советуваат употреба на апликации за чување лозинки како Bitwarden, 1Password или NordPass. Овие алатки можат да генерираат силни лозинки и безбедно да ги чуваат, па корисникот треба да памети само една главна лозинка.

За подобра заштита на профилите, се препорачува користење лозинки со најмалку 16 карактери, различни лозинки за секој сервис, активирање двофакторска автентикација и употреба на „password manager“ апликации.

Каде што е можно, се советува преминување кон помодерната „passkey“ технологија.

Стручњаците нагласуваат дека најголемата заблуда не е во тоа лозинката само да изгледа комплицирано, туку да биде единствена, доволно долга и дополнително заштитена за навистина да обезбеди сигурност.

Фото: Freepik