Почетна Убавина и здравјеВо гламурозна сина креација го прослави роденденот со Наташа Беквалац – Убавина и здравје

Во гламурозна сина креација го прослави роденденот со Наташа Беквалац – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Македонскиот модел Елена Ѓорговска го прослави својот роденден во Белград, и тоа во друштво на блиски пријателки и со одлична музика. За роденденската прослава таа избра познат српски локал каде настапуваше поп-ѕвездата Наташа Беквалац, па вечерта била исполнета со добра забава, песни и многу насмевки.


Поврзани објави

За оваа посебна пригода, Елена се појави во впечатлива гламурозна сина креација со која го привлече вниманието. Својот изглед го надополни со уникатна чантичка изработена специјално за неа, на која гордо е испишано нејзиното име.

Моделот очигледно знае како да го одбележи својот посебен ден – со стил, елеганција и добро друштво. А роденденската ноќ во Белград, покрај настапот на Беквалац, била совршена прилика за незаборавна прослава.