Почетна Убавина и здравјеСопругата на Андреј се огласи повторно (ФОТО) – Убавина и здравје

Сопругата на Андреј се огласи повторно (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Наталија Ѓорѓиески објави вест за погребот на својот сопруг.

Имено, таа повторно се обрати преку социјалните мрежи, каде што во рамките на Insta Story објави и една слика од клубот во кој се случи несреќата.

Министерот Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека во разговор со еден од членовите на бендот ДНК било востановено дека пиротехниката била обезбедена од бендот, па вдовицата на починатиот пејач сега на својот инстаграм-профил напиша:

Дали и тука настапувачот си ги донел факелите со оган?“

Таа потоа сподели и една објава на пејачката Елена Ристеска, која е колаж од фотографии од пред неколку години од дискотеката „Пулс“, а на кои се гледа дека пред бината повторно има прскалки, а на кои пишува:

Диското Пулс редовно си користело пиротехника од 2016, од каде идејата дека групата ДНК би ги донела?“, пишува врз објавата.


Поврзани објави

Таа го сподели и датумот на погребот на својот сопруг Андреј, кој ќе се одржи утре, четврток, на гробиштата во Бутел.

Потсетуваме, Наталија првпат се огласи на Инстаграм во понеделникот, огорчена што во нејзиниот дом се појавила полицијата барајќи го нејзиниот сопруг, и тоа пред нивната малолетна ќеркичка Јана, додека за тоа време безживотното тело на Андреј лежело во болницата во Кочани.

Фото: Инстаграм (@natalija.gjorgjieska)