Почетна Убавина и здравјеНа сцена застана рамо до рамо со својот татко (ВИДЕО) – Убавина и здравје

На сцена застана рамо до рамо со својот татко (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Младиот музичар веќе пишува и создава свои песни, а неговото музичко патување во Велика Британија доби и мини-документарен филм.

Даријан Јакимов има само 12 години, но зад себе веќе има настапи на големи сцени надвор од Македонија. Во септември младиот музичар настапи во The Clapham Grand во Лондон, а само два дена подоцна и во Oxford Town Hall.

Неговите настапи во Велика Британија се дел од проектите на „ЕМИГРАНТИ“ и „Како браќа“, а целото патување, подготовките и моментите зад сцената се прикажани во мини-документарецот „EMIGRANTI – FATHER & SON“, кој неодамна беше објавен на YouTube.

Особено внимание привлекува моментот кога Даријан застанува на сцената заедно со својот татко. Татко и син ја изведуваат авторската песна „Татко и син / Father & Son“, која веќе е снимена, а во подготовка е и нејзиниот официјален видеоспот.


Поврзани објави

Иако е сè уште дете, Даријан веќе пишува, создава музика, снима и настапува пред публика и надвор од Македонија. Од родниот Бистер до сцените во Лондон и Оксфорд, неговата приказна покажува како детскиот талент, трудот и поддршката од семејството можат да бидат почеток на едно големо музичко патување.

Screenshot youtube