Почетна Убавина и здравјеОтворен е веб-сајт за директни донации на трансакциските сметки на родителите на повредените – Убавина и здравје

Отворен е веб-сајт за директни донации на трансакциските сметки на родителите на повредените – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Целта на овој веб-сајт е да се донираат средства директно на официјалните трансакциски сметки на родителите на повредените, за побрзо префрлање на финансиите

Иако постојано се споделуваат повици за донации и луѓето навистина донираат многу пари за повредените во катастрофалниот пожар во Кочани, за жал, пристигнувањето на тие средства онаму каде што се најпотребни оди бавно и отежнато.

Свесни за овој голем проблем, група кочанчани, предводени од Ненад Вржалски и Иван Ивановски, ја креираа веб-страницата supportkocani.com.

Целта на овој веб-сајт е да се донираат средства директно на официјалните трансакциски сметки на родителите на повредените, за побрзо префрлање на финансиите.

Сите податоци на страницата се доброволни добиени од страна на родителите или нивните блиски. Притоа, сумата на собрани средства за секое лице индивидуално постојано се објавува транспарентно, со цел оние кои сакаат да помогнат, да можат да видат кое лице има собрано помал број средства и да ја насочат донацијата таму.


Поврзани објави

За донаторите од странство сè уште нема опција за донирање, но моментално се работи и на тоа.

Приватноста на секој донатор е испочитувана и се објавува само донираната сума, без други лични податоци на донаторите.

Доколку познавате некој што се лекува во странство, испратете ги следниве податоци во порака на инстаграм-профилот @supportkocani:

  • Име и презиме на погоденото лице:
  • Име и презиме на родител/контакт:
  • Телефон за контакт:
  • Банкарска сметка:
  • Град на лекување:
  • Моментална состојба:
  • Што било друго што е потребно:

Секој мал придонес значи многу!