Викторија Бекам денес е во среќен брак, но пред да се омажи за Дејвид, имала неколку грешки во љубовта
Најмоќниот и најбогатиот пар во светот на познатите, секако, се Дејвид и Викторија Бекам, кои оваа година прославија 25 години во брак.
И покрај бројните скандали и жени кои тврдеа дека спиеле со Бекам, додека Викторија знаела за сето тоа, тие и понатаму се посилни од кога било претходно.
Двојката чие богатство се проценува на повеќе од пола милијарди фунти, има четири деца – синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.
И додека сите зборуваат за тоа како Дејвид „шара“ одвреме-навреме, ретко кој зборува за големата љубов на Викторија пред фудбалерот.
Тие се запознале кога тој вградувал аларм во куќата на нејзините родители и биле во врска од нејзината 14. до 20. година. Многу се сакале и живееле во нејзиниот стан, а биле и свршени. Викторија дури и го користела неговото презиме на рекламните материјали на групата Spice Girls. Но по шест години, нивната врска се распаднала, односно таа го оставила, иако никогаш не му го вратила свршеничкиот прстен.
Поврзани објави
„Тој не беше вистинската личност за мене, не уживав, па морав да ја прекинам таа врска“, изјавила Викторија своевремено.
„Тажно е бидејќи долго време бевме заедно. Но таа сега го има тоа што отсекогаш го сакаше и јас сум горд на неа“, рекол Марк.
Викторија Бекам и Марк
Претходно
1 од 6
Следно
По него, таа била во врска со моделот и цвеќар Стјуарт Билтон, кој им бил семеен пријател, а холивудскиот актер Кори Хејм тврдел дека го изневерувала со него.
Викторија ја потврдила романсата со Кори во автобиографијата Learning to Fly и открила дека таа започнала во 1995 година. Во тој период ја започнала и врската со Стјуарт.
По сите тие згрешени врски, Викторија го запознала Дејвид, за кого се омажила во 1999 година.