Претставниците на српската листа беа тепани, еден е потешко повреден и е во болница, полицијата сакала да ги тепа претставниицте на српската листа, Србите ги бранат и ги маваат со солзавец и шок-бомби.
Припадник на РОСА, не на КФОР, со калашников пукал во Србите и погодува еден човек во пределот на стомакот и карлицата. Србите се бранеле со камења, соопшти на денешната прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ, кој апелира медиумите да не пренесуваат непроверени информации.
-На повеќе места се снимани снајпери, повредени се вкупно 52 Срби кои побарале помош во болницата, три се потешко повредени, има повеќе повредени но не побарале помош во болница.
Вкушно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети, се надеваме дека ниту еден не е животно загрозен. За ова е одговорен само Албин Курти, вели Вучиќ.
