Table of Contents
ОВЕН
Работа: Престанете да чекате нешто да се случи и да се промени само од себе и да ги преземете работите во свои раце. Сè што било во застој, сега ќе тргне во добра насока. Денес е тој ден.
Љубов: Слободните овни ќе можат да си го претворат сонот во реалност. Сè зависи од вас.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Сè е во ваши раце, ќе бидете подготвени да се приспособите на брзите промени што ве очекуваат и ќе ги реализирате работите на свој начин.
Љубов: Работата може да им донесе некакво зближување и подобро запознавање на слободните бикови. Некој веќе ве шармирал и ви донел радост во вашето срце.
Здравје: Бидете умерени во сè.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе одите еден чекор напред два назад, но тоа и не е толку лошо за да ги проверите вашите планови и цели.
Љубов: Не ве очекуваат некои посебни пречки на љубовен план, освен ако не направите некој брзоплет потег и не ги уништите работите со вашата несериозност.
Здравје: Ослободете се од стресот и напнатоста преку физичка активност.
РАК
Работа: Промените во договорите ќе ве нервираат, но извесно е дека ќе морате често да разговарате со луѓето што попрво би ги заобиколиле.
Љубов: Ве очекува одличен ден на љубовен план. Сиот труд и внимание што ги вложувате ќе ви бидат повеќекратно возвратени.
Здравје: Психофизички замор.
ЛАВ
Работа: Може да дојде до промена на ситуацијата во последен момент, како во договорите така и во комуникацијата со луѓето што ви се деловно важни. Не можете да смените многу, затоа не нервирајте се.
Љубов: Можни се ненадејни позитивни пресврти кои дополнително ќе ве поттикнат да си се посветите еден на друг. Уживајте.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Пред сè, внимавајте во комуникацијата со надредените и со блиските соработници, за да не дојде до конфликт поради некои нерешени работи од минатото. Ако дојде до тоа, употребете ги вашите комуникациски вештини за да ги смирите работите, ќе успеете во тоа.
Љубов: Доколку слободните девици веќе стапиле во комуникација со некоја личност, не ги очекуваат некои поголеми промени.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.
Поврзани објави
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Можно е да добиете некоја нова неочекувана работна понуда. Не брзајте со одлуката додека ги проверите сите информации.
Љубов: Слободните терезии треба да соберат храброст, да пресечат и отворено да ѝ соопштат на личноста со која се во контакт какви им се намерите. Никој не може да ги погоди вашите мисли и чувства.
Здравје: Би ви годела физичка активност.
СКОРПИЈА
Работа: Фокусирајте се на тоа да ги завршите веќе започнатите задачи, ќе имате поддршка од опкружувањето.
Љубов: За слободните скорпии, можна е неочекувана средба со личноста која веќе подолго време ве интересира. Ни самите не сте сигурни дали тоа е добро или не, но обожавате ризици, па што биде нека биде.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: И понатаму мора да бидете внимателни во договорите и соработките, како и во сè друго поврзано со документи, потписи и формалности.
Љубов: За зафатените стрелци ова е вистинскиот момент да отидат на некое убаво патување, по можност на годишен одмор во странство, бидејќи тоа ви е најпотребно во моментов.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
ЈАРЕЦ
Работа: Повеќето денешни обврски сте ги завршиле претходно, а може да очекувате и реализација на некои заостанати наплати, што ќе ви даде дополнителна стабилност, но и мотивација.
Љубов: Можно е ненадејно да започнете врска со личност од вашето минато или со личност која е на многу поразлична возраст од вашата.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Продолжувате со добро темпо, по малку сте растргнати на повеќе страни, но со добра организација, успевате да ги завршите тековните обврски.
Љубов: Овој период ви е поволен за сите видови планови, патување и заеднички активности што ги сакате.
Здравје: Можна главоболка.
РИБИ
Работа: Некои одлуки треба да почекаат, треба да добиете уште некои информации. Бидете трпеливи.
Љубов: Ќе ви треба трпение и на полето на љубовта доколку не сакате да се зголеми тензијата и да се искомплицира односот со личноста што ја сакате.
Здравје: Ви треба психофизичка релаксација.