Почетна ЕкономијаНафтата повторно поскапува: Нови тензии меѓу САД и Иран ги вознемирија пазарите

Нафтата повторно поскапува: Нови тензии меѓу САД и Иран ги вознемирија пазарите

од nenad
1 минути читај за

Цените на нафтата денеска бележат нов раст на светските пазари, откако изјавите од Вашингтон повторно ги зголемија стравувањата од можна ескалација на кризата на Блискиот Исток и нарушување на глобалното снабдување со енергенси.

Пазарите реагираа откако американскиот претседател Donald Trump остро го критикуваше иранскиот одговор на американскиот предлог за прекин на конфликтот, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Изјавата дополнително ја зголеми неизвесноста кај инвеститорите, кои стравуваат од нови нарушувања во транспортот и испораката на сурова нафта.

На лондонската берза, суровата нафта „брент“ попладнево достигна цена од 103,19 долари за барел, што претставува раст од речиси два проценти во однос на претходното затворање. Во исто време, американската WTI нафта се тргуваше по 96,98 долари за барел, со пораст од 1,6 проценти.