Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата, со која од ноќеска следува значително намалување на цената на дизелот, додека кај бензините промените се минимални.
Според новата пресметка, дизел горивото ќе биде поевтино за четири денари по литар, што претставува едно од поголемите намалувања во последните недели. Со тоа, новата цена на дизелот ќе изнесува 89,50 денари за литар.
Кај бензините, цената на Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар и ќе се продава за 86,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-95 останува непроменет и ќе чини 85 денари за литар.
Од РКЕ информираат дека корекцијата е направена согласно движењата на светските берзи и курсот на доларот, а вкупното намалување на цените на нафтените деривати во просек изнесува 1,78 проценти.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната одлука на Комисијата.