25
Макароните на италијански начин се вистинско гурманско уживање
Состојки:
- 200-250 г шампињони
- 1 главица кромид
- 200-250 г сланина
- 150 г кашкавал што се растопува
- 300 мл неутрална павлака за готвење
- сол, бибер, куркума или кари
- 350 г макарони
- пармезан
- магдонос
Поврзани објави
Приготвување:
Во тавче препржете кромид, печурки, сланина. Кога сето тоа ќе се издинста, додајте неутрална павлака, па проварете кратко. Додајте зачини и кашкавал и сето тоа измешајте го со сварените макарони.