Балетанките се идеален избор кога треба да обуете поелегантни обувки, но не сакате да поминете со часови на потпетици
Балетанките секогаш се на листата на модните трендови, но минатата година беа поактуелни од вообичаено. Можеби затоа што дамите конечно ѝ даваат предност на удобноста, кога станува збор за модата.
Балетанките се идеален избор кога ни требаат поелегантни обувки, но не сакаме да поминеме со часови на потпетици.
Во фокусот беа моделите од речиси сите материјали. На улиците можевме да видиме кожени, платнени, со нитни и ремчиња, но и крзнени модели.
Сега температурите се ниски, но тоа не значи дека треба да ги затрупаме балетанките во длабочините на плакарот. Ако разгледате на Инстаграм, ќе забележите дека оваа зима ултрапопуларно е да се носат балетанки дури и кога температурите се под нулата.
Поврзани објави
Со помош на овие трикови можете да ги носите и во зима и тоа може да изгледа многу кул.
Да почнеме со чорапите. Треба да облечете хулахопки, а преку нив подолги памучни чорапи. Покрај дебелите чорапи, популарни се и грејачите за нозе.
Еве како изгледа тоа…
ФОТО: Инстаграм