Почетна Убавина и здравјеНаместо да плаќа кирија, живее во сопствен дом – Убавина и здравје

Наместо да плаќа кирија, живее во сопствен дом – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На Катарина не ѝ треба многу за среќа

Станодавците ѝ јавиле на Катарина дека го продале станот и дека мора да се исели од него во рок од неколку месеци. Не знаела што да прави сама со ќерка ѝ, и потоа се сетила…

„Фала му на Бога што имаме пријатели кои ни го понудија овој плац. Тогаш добив идеја да паркирам куќичка тука. Сега имам поглед од милион долари и мир“, раскажала Катарина која сама си ја дизајнирала куќичката, со цел да се вклопи со околината и да биде едно со природата.

„Услов беше да имам големи прозорци. Обожавам да го гледам зајдисонцето додека готвам и седам дома“, открила Катарина која се труди да живее еколошки освестено.

Таа собира дождовница, која ја користи како техничка вода и за полевање на градината.


Поврзани објави

Со оглед на тоа што и самата таа пораснала на село, Катарина ја воспитува ќерка ѝ да живее во хармонија со природата.

Куќата е долга 14 метри, широка е 8 метри и исто толку е висока, но за нив двете ова е домот од соништата.

Погледнете колку убава куќичка си направила за себе и за својата ќерка во видеото во продолжение…