Посебно внимание ќе се посвети на приватноста.
Јелена Розга ангажирала адвокатка за договор за приватност, кој ќе треба да го потпишат сите гости на нејзината свадба.
Според извор близок до парот, Јелена и Иван планираат интимна венчавка со семејството и најблиските пријатели.
Посебно внимание ќе се посвети на приватноста. Сите гости ќе треба да потпишат договор за доверливост, а споделувањето фотографии и информации од прославата ќе биде строго забрането.
Иван Хуљиќ не сака да се изложува во медиумите и приватноста му е најважна кога е во прашање организирањето на свадба.
Поврзани објави
За потсетување, Иван е син на Тончи Хуљиќ, еден од најпознатите музичари и композитори во регионот, а Јелена и Иван соработуваа на неколку музички проекти пред да стапат во романтична врска.
Тие беа заедно пред десет години, но врската не траеше долго. Си дадоа втора шанса, а пријателите велат дека Јелена Розга само чекала Иван да порасне доволно со оглед на тоа што е 11 години помлад од неа.
Фото: printskrin Youtube/ Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: