Странските медиуми наведуваат дека новиот дечко на Џесика Алба е Дени Рамирез
Актерката Џесика Алба има нов маж во животот и конечно е откриено за кого станува збор. 44-годишната ѕвезда и мајка на три деца е во врска со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Тие биле видени заедно како се качуваат на авион за Канкун, а потоа и при враќањето во Лос Анџелес во неделата. Згодниот актер, кој во септември полни 33 години, очигледно ѝ правел друштво. Нивното заедничко појавување се случува два месеца откако Џесика била видена како се бакнува со непознат маж во Лондон, иако не е јасно дали тоа бил Дени.
Џесика во јануари објави дека се разведува од сопругот Каш Ворен по 17 години брак. Со ова му покажала на поранешниот сопруг дека може да го заведе кого сака и дека тој не е центар на светот.
Тие имаат три деца: ќерки Онор (17) и Хејвен (13), како и син Хејс (7).
Не е познато како се запознале Џесика и Дени.
Дени, кој е роден во Чикаго, најпознат е по улогата во филмскиот универзум на „Марвел“ како Хоакин Торес/Фалкон во серијата „Соко и Зимскиот војник“, како и во филмот „Капетан Америка: Храбар нов свет“.
Згодниот актер, исто така, глумел во филмот „Топ Ган: Маверик“, како поручникот Мики Гарсија.
Поврзани објави
Моментално го снима филмот „Одмаздници: Судниот ден“, чија премиера е закажана за 18 декември 2026 година.
Дени студирал глума на универзитетот во Њујорк, на познатата школа за уметности Тиш, по што поради повреда се откажал од спортската кариера и одлучил да стане актер.
Актерска кариера започнал во 2016 година кога дебитирал во сериите „Афера“ и „Мртов агол“.
Сепак, во понеделникот беше објавено дека Џесика не се гледа сериозно со никого.
„Добива многу внимание откако се разведе. Тоа ѝ годи и дефинитивно ужива во тоа што е повторно сама“, рекол анонимен извор.
Меѓутоа, не е негирано дека Џесика и Дени постојано се гледаат и дека заедно патуваат на разни места. Се чини дека дефинитивно постои нешто меѓу нив и дека не се само пријатели.
ФОТО: Инстаграм