Почетна СветМуцунски од Пустец: Македонија сака да се отвори конзулат во Корча

Муцунски од Пустец: Македонија сака да се отвори конзулат во Корча

од nenad
1 минути читај за

Македонија сака да се отвори македонски конзулат во градот Корча, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, за време на посетата на Пустец.

„Тука во Пустец имаме наша Македонска заедница. Дојдов со министерот за внатрешни работи, а министерот за култура наскоро ќе ни се придружи. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада треба да направиме повеќе за Македонското малцинство во Пустец. Треба да финансираме социјални и културни проекти во оваа област. Потребно е повисоко конзуларно ниво – не само за издавање пасоши, туку и за други аспекти. Следната недела ќе се сретнам со мојот колега Игли Хасани во Охрид. Имаме фантастичен однос со него. Исто така, ќе го замолам албанскиот министер да отвори македонски конзулат во Корча“, рече Муцунски.


Post Views: 25

Извор : vesnik-ilinden.com

Муцунски од Пустец: Македонија сака да се отвори конзулат во Корча