Почетна ЕкономијаАзизи: Одобрени 829 проекти вредни околу 15 милијарди денари за инфраструктура

Азизи: Одобрени 829 проекти вредни околу 15 милијарди денари за инфраструктура

од nenad
2 минути читај за

На вчерашната 88-ма седница на Владата, 6 ресорни министерства, кои се дел од потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставиле предлог-одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат критериумите наведени во повикот.

Владиниот гласноговорник, Венера Љатифи Азизи, извести дека оваа потпрограма претставува важен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и инфраструктурно зајакнување, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Таа истакна дека во рамките на втората фаза, вкупно се одобрени 829 проекти во вредност од околу 15 милијарди денари, кои ќе бидат реализирани преку следниве министерства: Министерството за транспорт – над 8 милијарди денари, Министерството за животна средина и просторно планирање – околу 2,5 милијарди денари, Министерството за образование и наука – околу 1,6 милијарди денари, Министерството за култура и туризам – 622 милиони денари, Министерството за социјална политика, демографија и млади – 520 милиони денари, Министерството за спорт – 544 милиони денари.

“Со ова продолжуваме континуирано да ја поддржуваме секоја општина која ги исполнила условите според јавниот повик, без разлика на политичката припадност на нејзиното раководство. За нас, единствено важни се граѓаните, нивната благосостојба и создавање подобри услови за живот во секој дел од државата.”

Преку оваа поддршка ќе се реализираат проекти за изградба и реконструкција на: локални патишта и улици; водоводни и канализациски системи, училишта, градинки и спортски сали; базени и јавна инфраструктура од суштинско значење. “Интересот како за првиот повик, така и за вториот беше исклучително голем,” нагласи Љатифи Азизи.

Исто така, владината портпаролка потсетува дека во рамките на првиот јавен повик биле доделени 4,1 милијарди денари за 274 проекти, дел од кои се веќе реализирани, а другите се во тек на реализација. “Ова е уште еден историски чекор во јакнење на локалната самоуправа – процес кој е и ќе остане еден од темелите на развојната политика на оваа Влада. Ги градиме темелите на промените, за твоето време кое доаѓа,” заклучи владината портпаролка, Венера Љатифи Азизи.

фф/вј/Фото: Влада