Претпоставувам дека за измената на Кривичниот законик некои разговори се водени во контекст на уставните измени. Никој од нас не е среќен зошто некој функционер може да украде и да се спаси, а тоа ни се случува. Се вадат на застареност. Но, решенија има. Има иницијатива кога ќе се смени Уставот во него да се вметне и укинување на застарувањето на случаи во кои се поврзани функционери. Нам ни е битно да ги донесеме уставните измени и ако опозицијата има желба и вистински е против овие измени на Кривичниот законик, може да ги услови уставните измени со укинување на застарувањето, вели аналитичарот Алберт Муслиу во гостување на телевизијата 24Вести.