Почетна Вести(ВИДЕО) Соборен уште еден верен африкански сојузник на Франција – Изведен државен удар во Габон

(ВИДЕО) Соборен уште еден верен африкански сојузник на Франција – Изведен државен удар во Габон

од nenad
2 минути читај за

Група високи офицери на армијата на Габон се појавија на националната телевизија рано утнинава објавувајќи дека ја презеле власта откако изборното тело на земјата објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.

   

Претходно , изборното тело на Габон објави дека Бонго победил на претседателските избори со 64,27 отсто од гласовите, по одложените општи избори кои опозицијата ги опиша како фалсификат.

Главниот противник на Бонго, заедничкиот кандидат Алберт Ондо Оса, беше втор со 30,77 отсто, соопшти изборното тело. Тимот на Бонго ги отфрли наводите на Онда Оса за изборни нерегуларности.

Воените офицери за телевизискиот канал Габон 24 изјавија дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили во оваа централноафриканска држава. Оттаму додаваат дека резултатите од изборите се поништени, сите граници ќе бидат затворени до понатамошно известување, а институциите ќе се распуштат.

Ројтерс јавиба дека се слушаат силни пукотници во главниот град Либревил кои започнаа веднаш откако воените офицери прелу телевизиското обраќање објавија дека извршиле државен удар

„Во име на народот на Габон, решивме да го зачуваме мирот со укинување на сегашниот режим“, изјавија офицерите.

Додека еден офицер ја читаше заедничката изјава, десетина други во воени униформи и беретки стоеја околу него. Војниците се претставија како членови на Комитетот за транзиција и обнова на институциите. Државните институции што ги прогласија за распуштени се владата, сенатот, народното собрание, уставниот суд и изборната комисија.

Габон е земја -членка на ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта)

Превратот, доколку биде успешен, ќе биде осми воен пуч изведен во Западна и Централна Африка од 2020 година. Воени преврати досега во Африка беа изведени во Мали, Гвинеја, Буркина Фасо, Чад и Нигер и според западот, со нив се поткопаа демократските процеси во последниве години.