Кардиологот Небојша Тасиќ истакнува дека тагата е поттик за срцеви заболувања.
Кај нас, покрај малигните, најмногу животи одземаат кардиоваскуларните заболувања . Секоја година многу луѓе ја губат битката со здравствени проблеми од ваков вид, што е алармантна ситуација! Затоа е многу важно како се грижиме за срцето, еден од нашите најважни витални органи. Кардиологот Небојша Тасиќ открива што го прави среќен, нагласувајќи дека клучен фактор се емоциите.
Малку му обрнуваме внимание на срцето, а најмногу му штетиме со тоа што не размислуваме како живееме. Најмногу сака насмевка, љубов, здрава храна, физичка активност. Секој од нас има одговорност кон себе, а потоа и кон другите“, изјави докторот.
Веќе е добро познато дека стресот е главниот двигател на сите болести , но чувствата се подеднакво важни.
Сите емоции силно влијаат на нашето срце, од убаво до грдо, а стресот е главниот предизвикувач на многу болести.
Во телото постои цел збир на нерви кои доаѓаат од мозокот и ‘рбетниот мозок, кои се директно поврзани со срцето и кои можат да ја забрзаат неговата работа во состојби на возбуда, како и да го подигнат крвниот притисок. Но, не само емоциите, туку и други влијанија, како изложувањето на ниски и високи температури, можат да влијаат на работата на срцето – објасни д-р Тасиќ.