Почетна Убавина и здравјеМишевски ќе се бори против 336 мајстори од 45 земји (ФОТО) – Убавина и здравје

Мишевски ќе се бори против 336 мајстори од 45 земји (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Горан Мишевски избори место на престижното натпреварување во Неапол по четиригодишни квалификации и за првпат Македонија ќе има свој претставник.

Македонија за првпат ќе има свој претставник на „Vera Pizza Napoletana Champion 2026“, престижното светско натпреварување посветено на автентичната неаполска пица.

Нашиот претставник ќе биде Горан Мишевски, главен пица-мајстор во „Мато Наполетано“. Тој на 16 и 17 септември во Неапол ќе се натпреварува со дури 336 пица-мајстори од 45 држави.

Пласманот на светското првенство Мишевски го обезбедил по четиригодишен квалификациски циклус, кој се одвивал на пет континенти.

Натпреварувањето го организира Associazione Verace Pizza Napoletana (AVPN), организација основана во Неапол во 1984 година, која со децении работи на зачувување и промовирање на традиционалната неаполска пица. Таа била вклучена и во иницијативата неаполската пица да стане дел од нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.

Фото: Фејсбук/Matto Napoletano


Поврзани објави

Светските пица-мајстори ќе се соберат во арената „Mostra d’Oltremare“, каде ќе се бара новиот шампион во оваа дисциплина.

Пред големото натпреварување ќе се одржи и церемонијата „50 Top Pizza World 2026“, на која ќе бидат објавени 100-те најдобри пицерии во светот.

За Мишевски, настапот во Неапол е голема чест, но и одговорност.

Горд сум што ќе ја претставувам Македонија на ваков престижен натпревар и ќе го дадам својот максимум“, вели тој.

 Фото: Фејсбук/Matto Napoletano