Во текот на првата половина од 2025 година, забележан е раст на туристичкиот промет во Македонија, кој достигна 13,5 проценти во однос на истиот период во 2024 година.
Според официјалните податоци, бројот на посетители од странство бележи значителен пораст од 19,7 проценти во 2025 година, во споредба со истиот период претходната година. Ова го објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил.
Во исто време, премиерот Мицкоски информираше дека бројот на домашни туристи е намален за 2,5 проценти во споредба со истиот период во 2024 година.
Тој исто така напомена дека во текот на овој период во 2025 година, реализирани се 8,5 проценти повеќе ноќевања во споредба со првата половина од 2024 година. “Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија”, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.
сст/дма/Фото МИА архива и ФБ .
Извор: МИА