25
Митрополитот Корчански на Автокефалната православна црква на Албанија, Неговото Високопреосвештенство г. Анастаси, во Пустец го прими Неговото Високопреосвештенство г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Како што информира Корчанската митрополија, средбата се одржала во Пустец, каде што митрополитот Петар престојувал во рамки на својата посета на Преспа.
Средбата на двајцата архиереи е уште еден чин на воспоставување и негување на црковните односи и контакти меѓу православните цркви во регионот.
Post Views: 70