Мислиш дека си маж со милионите од татко ти ?Мислиш дека го поседуваш светот со очилата Гучи, тие што ги купи во елитниот дуќан , за да бидеш виден и чуен ?Мислиш дека си маж со тоа што со пари ќе ги менуваш партнерките како долната облека, секој ден ?Е јак си фраер нема што !Се дури работат банкоматите , кредитите и картичките, се дотогаш си величина која ја наследи неизмачен .Ниту една капка пот не ти го нароси челото, ниту еден час не помина помагајќи му некому, ниту еднаш не се наведна да ја слушнеш мајка ти што зборува , ниту за еден роденден не и купи насмевка..Е таа насмевка е најскапа , таа се заслужува со почит и внимание .На мајка ти не и треба Гучи , не и треба Том Тејлор, не и треба автомобил што не знае како да го отвори .И требаш Ти ..Да станеш конечно маж , да бидеш величина во вистинска смисла на зборот , бидејќи парите лесно се лизгаат од рацете , картиците се празнат , но знаеш ли што е најтешко ?Празната мајчина душа, празните ѕидови дома , празното срце и празните раце .Додека ти лумпуваш , таа седи дома и брои години .Еден ден ќе уздивне и ќе си замине .И на тој свет очите ќе и бидат отворени , бидејќи таа те сакаше тебе , да те види , таа сакаше ти да бидеш среќен, конечно да станеж маж Ти .Не и требаа нејзе ниту пари, ниту луксуз .И требаше Ти и човекот кој го носиш во себе .Човекот кој за жал никогаш не го употреби , тој си остана да живее на друго место , Ти го напушти и стана роб на секојдневието …Автор: Оливера Ширговска 27.11.22
Мислиш дека си маж со тоа што со пари ќе ги менуваш партнерките како долната облека, секој ден? Е јак си фраер нема што !
81