Table of Contents
Многумина обожаваат да „уловат“ уникатно парче облека во продавниците за половна гардероба, но приказната на Маја е навистина неверојатна и длабоко емотивна.
Маја, која редовно пазарува во вакви продавници, веднаш се вљубила во една кожена јакна со ретро-изглед. За симболична цена, таа добила квалитетно и впечатливо парче, без ни да насети дека во неа се крие нешто многу повредно од самата облека.
Откако ја однела дома и повторно ја облекла, од љубопитност ги проверила џебовите. Тогаш следувал шокот – јакната криела приказна од минатото.
Мала тетратка од 1971 година
Во еден од џебовите, Маја пронашла мала тетратка исполнета со рачно напишани записи и писма, датирани од 1971 година. На првата страница стоел записот:
„Четврток, 11 ноември 1971 година. Помина една недела, а Дајана ниту се јави, ниту ми напиша.“
Следниот запис, датиран од 22 ноември, бил уште поемотивен:
„Денес требаше да ја славиме нашата деветта годишнина и 10 години заедно.“
Продолжувајќи да ги листа страниците, Маја наишла на редови кои откривале интимни моменти и тивка болка:
„Дајана и јас утрово бевме заедно… ја одведов на појадок и потоа на работа. Не знаев дека тоа ќе биде последниот пат кога ќе ја видам.“
Поврзани објави
Времеплов на една скршена љубов
Во другите џебови од јакната, Маја открила и три сребрени долари ковани во 1921 година, како и мала шишенца канадско виски „Сиграмс“ од 1966 година. Сето тоа ја претворило јакната во вистинска временска капсула од минатиот век.
Еден од последните записи бил датиран на 1 јануари 1972 година и содржел само еден збор, но со силна тежина:
„Зошто?“
На насловната страница од тетратката стоела и реченица која дополнително ја потресла Маја:
„Се надевам дека никогаш нема да ја завршам оваа книга… Можеби Дајана ќе се врати пред мене.“
„Како да допрев туѓа душа“
Длабоко трогната од пронајденото, Маја изјавила дека нејзиниот однос кон јакната засекогаш се променил.
Имав чувство дека ја држам туѓата болка во рацете. Како да ја почувствував скршената душа и тивката тага што оваа јакна ја носела со себе со децении“, раскажала таа.
Според неа, откритието било како отворање вистинска временска капсула од 1971 година – исполнета со љубов, надеж и неизговорена болка од еден одамна минат живот.