Почетна СветМисајловски во Вашингтон потпиша Писмо за намера за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност

Мисајловски во Вашингтон потпиша Писмо за намера за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност

од nenad
1 минути читај за

Мисајловски, Пелеши, Запријанов и Кросето го потпишавме Писмото за намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Иницијативата на Италија, Македонија, Албанија и Бугарија ќе овозможи побрз проток на воени сили и опрема со што значително ќе се зголеми ефикасноста на воената логистика и операциите во случај на потреба. Писмото за намери е практичен придонес кон напорите на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната на целата територија, зајакнување на воената мобилност и зајакнување на соработката меѓу НАТО и ЕУистакна Мисајловски.

Ова е прв меѓународен документ потпишан од новата Влада, додаде Мисајловски.


Post Views:
53

Извор : vesnik-ilinden.com

Мисајловски во Вашингтон потпиша Писмо за намера за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност