Почетна СветВо Тирана изложба и промоција на „Монографија на македонски народни носии“

Во Тирана изложба и промоција на „Монографија на македонски народни носии“

од nenad
1 минути читај за

На изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет.

Присутни беа Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана, Емилија Попивода директорка на македонскиот Културно-информативниот центар, амбасадорите на Слвенија, Катар, Египет, преставници на Министерство за економија, култура и иновации на Албанија, преставници на винарите од Македонија, и претставници на македонските друштва и љубители и почитувачи на македонската култура.

Секоја носија е расказ сама по себе – за љубовта, трудот и вештината на нашите предци. Ткаени и везени со раце, срце и душа, симболи кои пренесуваат пораки за припадност, убавина и духовност. Боите, орнаментите, материјалите – кои не биле избирани случајно, во себе носат значење од генерација на генерација. Изложените носии беа сведоштва за богатството на македонската народна уметност и разновидност на регионите, со своја приказна, своја боја и глас.

Извор : vesnik-ilinden.com

Во Тирана изложба и промоција на „Монографија на македонски народни носии“