Милица Павловиќ на 10 мај го одржа завршниот концерт од турнејата „Лав“ во салата „Скендерија“ во Сараево. Но на сцената недостигаше едно значајно лице од нејзиниот тим.
Станува збор за Хелен Јањушевиќ, кореографката која во моментов се наоѓа во Базел поради професионален ангажман.
Хелен не можела да присуствува на настапот во Сараево бидејќи била задолжена за кореографијата на Марко Бошњак, кој ја претставува Хрватска на годинашната Евровизија.
Поврзани објави
Милице, прости ми, те молам. Милица не ми е само во срцето, таа ми е посебна. Иако нашата врска е професионална – кореограф и ѕвезда – таа има особено место во моето срце. Многу ми беше тешко што не можев да бидам во Сараево, но едноставно не беше возможно. Се совпаднаа термините – беше интензивно, а концертот веќе беше подготвен. Бев сигурна дека сè ќе помине добро. Лана ја презеде задачата, таа е танчарка, и сè помина одлично“, изјавила Хелен за „Први ред“.
Фото: Инстаграм