Меган Маркл и принцот Хари се подготвени да го напуштат Монтесито и да заминат во нов град? Која би можела да биде причината за оваа одлука?
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл можеби ќе го напуштат Монтесито, Калифорнија, каде што имаат голем имот. Според Њујорк пост, брачната двојка најверојатно ќе се пресели во Малибу. Весникот додава дека Хари и Меган тајно ги разгледувале домовите во делот покрај плажата за да можат да бидат поблиску до Лос Анџелес.
Не се знае дали ќе го продадат Монтесито или само ќе купат друг имот во Малибу, рекол изворот.
Војводата и војвотката од Сасекс од 2020 година живеат во замок со 10 спални соби, вреден 14 милиони долари. Претставниците на брачната двојка одбија да ги коментираат медиумските написи, но извори блиски до парот за Њујорк пост изјавија дека тие се’ уште живеат во нивниот сегашен дом.
Пејџ сикс, исто така, носи вести за нив. Френк Мекгинити, кој живее во близина на Хари и Меган во Монтесито, за овој портал изјави дека набргу по доселувањето на парот во соседството, тој се обидел да им даде ЦД со филмови што ги снимил за историјата на областа.
Поврзани објави
Отидов до нивната капија со филмови на ЦД, но тие не беа заинтересирани, рече тој, додавајќи дека обезбедувањето на парот го вратило на вратата.
Френк додаде дека само сакал да биде добар сосед, но дека нивното обезбедување е непријатно и не сакало да го земе цедето.
Не ги гледаме овде многу често. Изненадувачки е што дојдоа овде. Тука слоновите доаѓаат да умрат, рече 88-годишниот ветеран на американската морнарица.
Иако се споменува купување на имот или вила, можеби причината за преселбата се финансиите за кои веќе се зборуваше.