Почетна Вести20-годишник фатен во автомобил со пиштол и муниција

20-годишник фатен во автомобил со пиштол и муниција

од nenad
1 минути читај за




Синоќа два часа после полноќ на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Ш.(20) од Скопје.

   

При преглед во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со празна рамка и куршуми калибар 9 мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.