Почетна ВестиРаботни активности во Стара скопска чаршија

Работни активности во Стара скопска чаршија

од nenad
1 минути читај за




Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, по пријава од страна на граѓани за
истекување на вода и поплавување на еден локал во Старата скопска чаршија, направија
увид и констатираа дефект на приклучна цевка на ул. 106 бб.

   

Во текот на денешниот ден ќе се постапи соодветно за отстранување на дефектот, а имајќи
предвид дека станува збор за локација со големо историско и културно значење,
напоменуваме дека по завршување со работните активности, подлогата ќе биде вратена во
првобитна состојба.