Почетна МакедонијаМВР со полни раце работа: 170 казни за едно деноноќие во Скопје

МВР со полни раце работа: 170 казни за едно деноноќие во Скопје

од nenad
1 минути читај за

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, при контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изрече вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 35 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник, информираат од МВР.

Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Инспирирано од: infomax.mk