Европол денес обелодени дека е откриена повеќемилионска мрежа за измами, која се занимавала со нелегално добивање надоместоци за слушни апарати во Франција. Во полициската акција спроведена во таа држава, зад решетки се најдоа осум лица, под сомнение дека се инволвирани во измамата.
Според официјалното известување, притворените се товарат дека во јули 2024 година формирале измислени фирми за слушни помагала. За да добијат овластување од здравствените институции и да склучат договори со францускиот државен Фонд за здравствено осигурување, користеле лажни уверенија.
Потоа, тие генерирале фиктивни сметки и употребувале податоци од пациентски досиеја, а со тоа преку лажни барања за рефундирање, успеале да исплатат 6,7 милиони евра (7,3 милиони американски долари) преку компании низ Европа, информираше Европол. “Тие потоа издавале лажни фактури и користеле детали за извештаите украдени од пациентите, со што преку лажни надоместоци дошле до исплата на 6,7 милиони евра (7,3 милиони американски долари) преку компании низ Европа,” стои во соопштението.
Европол, со централа во Хаг, исто така извести дека француската полиција привела осум осомничени претходно во текот на овој месец, при што е конфискуван имот во вредност од 195.000 евра. “Француската полиција уапсила осум осомничени претходно овој месец, при што е запленет имот во вредност од 195,000 евра,” се додава во извештајот.
рп/Фото: МИА архива. Извор: МИА