Почетна ЕкономијаМаск основа нова партија во Америка

Маск основа нова партија во Америка

од nenad
1 минути читај за

Милијардерот Илон Маск го објави основањето на нова политичка партија во САД, наречена Американска партија. Оваа објава дојде само еден ден по анкетата која Маск ја спроведе меѓу своите следбеници на социјалната платформа Икс во врска со потребата од нова политичка алтернатива.

„Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!”, изјави Маск на Икс, додавајќи дека партијата треба да „ја врати слободата на народот“.

Веста за новата политичка формација доаѓа во период на затегнати релации меѓу Маск и американскиот претседател Доналд Трамп, поради Законот за трошоци.

Според достапните информации, Американска партија ќе се залага за смалување на буџетскиот дефицит, дерегулација, либерализирана трговија и имиграција на високостручни професионалци.

Маск имаше значајна улога во претседателската кампања на Трамп во 2024 година, донирајќи над 250 милиони долари. По изборите, тој беше назначен за специјален советник на претседателот и де факто лидер на новоформираната Канцеларија за владина ефикасност (ДОГЕ), со цел да се редуцираат владините трошоци и администрацијата. Тој ја напушти ДОГЕ на крајот на мај.

Извор: МИА