Почетна ЕкономијаРесен домаќин на манифестацијата „Мојот дел од природата“ по повод Светскиот ден на езерата

Ресен домаќин на манифестацијата „Мојот дел од природата“ по повод Светскиот ден на езерата

од nenad
1 минути читај за

По повод Светскиот ден на езерата, Македонското еколошко друштво, во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска на градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен ќе ја организира јавната манифестација „Мојот дел од природата“, посветена на природното наследство на Преспа и неговото зачувување.

Настанот ќе започне во 18 часот со обраќања на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, и извршната директорка на Македонското еколошко друштво, Робертина Брајаноска.

Во рамки на програмата е предвидено потпишување на Декларација за основање на Прекугранична работна група за шуми, како и панел-дискусија на тема „Зачувување и одржливо управување со природното наследство на Преспа“. На дискусијата ќе учествуваат претставници на Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Македонското еколошко друштво и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Посетителите ќе можат да разгледаат штандови со локални производи, да присуствуваат на натпревари во друштвената игра „Преспа“, а програмата ќе заврши со музичка вечер. Предвиден е настап на групата „Персиди“ со староградска музика, како и концерт на бендот „Пуш Пауза“.

Организаторите посочуваат дека манифестацијат е посветена на природното наследство на Преспа, неговото зачувување и одржливо управување, но и на луѓето, традицијата и локалните богатства кои ја прават Преспа посебна.ар/са/

Фото:Постер/Извор: МИА