Фризерот и шминкер Марјан Петров е дефинитивно еден од најдобрите во својата работа, на ниво на Македонија па и пошироко. Доказ за неговата успешна работа се презадоволните клиенти, многу од јавниот свет меѓу кои и големи Балкански ѕвезди.
А уште еден доказ за неговиот успех е 10-годишното постоење на неговиот салон „Hair Studio Magic“, поради што вчера Марјан направи убава прослава.
На роденденот на салонот свој настап имаше пејачката Антониа Гиговска која доста соработува со Марјан.
Поврзани објави
Младиот фризер и мејкап артист објави на својот Инстаграм профил фотографии од прекрасната вечер.
„ЕДНА ДЕЦЕНИЈА @hair_studio_magic“ – напиша во описот на објавата.