Една слика, илјада зборови!
Не е тајна дека поп-пејачката Марија Шерифовиќ е многу поврзана со мајка ѝ Верица Шерифовиќ, која ја израснала како самохрана мајка, а од која го наследила талентот за пеење.
За нивната љубов и блискост зборува и фотографијата која Марија ја објави на Инстаграм, а на која ги гледаме двете дами, насмеани и среќни, како позираат со торта на која стои бројот 60.
Мајка… денес наполни 60! Не се надеваше дека ќе бидат тука на полноќ… Те сакам повеќе отколку што можам да напишам. Среќен роденден, да си ми жива! П.С. Таа сакаше да се пресоблече и да ја извади папилотната, се разбира, јас не ѝ дозволив, напиша популарната пејачка во описот на фотографијата.
Поврзани објави
Фото: Инстаграм