Почетна ЕкономијаМакедонски Концепт со три делегации им оддаде почит на Илинденците

Македонски Концепт со три делегации им оддаде почит на Илинденците

од nenad
1 минути читај за




   

Политичката партија Македонски Концепт по повод најзначајниот празник на Републиката, Илинден испрати три делегации кои поклонија свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и пред споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев во Скопје.
Делегациите беа предводени од Проф. д-р. Петар Богојески, претседател на МК, др. Весна Марковска, регионален координатор на МЖК за ИЕ5, Петре Трпкоски, организациски секретар на МК и др. Стефан Талев, регионален координатор на МК за ИЕ5 во Крушево.

Делегацијата во Пелинце ја предводеа Љупчо Смилев и Самуел Наумовски Викиус, потпретседатели на МК и Марија Илиевска, административен секретар на МК.
Свежо Цвеќе пред споменикот на Никола Карев поклони делегацијата составена од м-р. Владимир Бангиевски, Извршен директор на МК, д-р. Оливера Клинчарова, Тим лидер на Стратешки совет на МК и Горан Велјановски, Тим лидер на Интервентен тим на МК.
Со почит,Центар за kомуникации и aнализа на Македонски Концепт