Октај Сејди веќе ужива во атмосферата на „Мистер Интернешнал 2026“, а според фотографиите што ги споделува на социјалните мрежи, престојот во Тајланд за него е исполнет со атрактивни фотосесии, нови познанства, дружења и незаборавни забави.
Македонскиот претставник моментално престојува во Пукет, каде што кандидатите имаат бројни активности и официјални ангажмани пред големото финале, закажано за 26 септември во Бангкок.
Сејди сподели серија фотографии од престојот во Пукет, а особено внимание привлече неговото издание со голо торзо и бел чаршаф обвиткан околу половината. Позирањето потсетува на античките прикази на грчките богови, а Октај очигледно се чувствува одлично пред објективот.
На фотографиите од плажа тој и останатите кандидати ги покажаа своите извајани тела, додека вечерните кадри откриваат дека покрај официјалната програма има време и за добра забава.
„Тајланд, Пукет и Мистер Интернешнал. Толку многу убави моменти, незаборавни спомени, прекрасни фотосесии и луди ноќи полни со забава. Едвај чекам да видам што е следно“, напиша Октај.
Поврзани објави
Октај, кој на јавноста ѝ е познат како фризер и шминкер, а последните години е активен и како моден и травел инфлуенсер, годинава беше избран за Мистер на Македонија. На 11 септември отпатува за Тајланд, каде што ја претставува земјава на престижниот меѓународен избор.
Во деновите пред финалето, кандидатите учествуваат во низа официјални активности, снимања, фотосесии и претставувања. Програмата во Пукет вклучува градска тура, ноќна трка, како и натпревар во костими за капење.
Големото финале на 18. издание на „Мистер Интернешнал“ ќе се одржи на 26 септември во Бангкок, кога ќе биде избран наследникот на актуелниот победник Кирк Бондад од Филипини.