105
Полицаецот кој беше ранет при филмското грабнување на затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово е пренесен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, дознава Инфомакс.
Според нашите информации повредата на полицаецот сепак била потешка, покрај повредата во нога во него било пукано и во бешиката.
Најверојатно во затворското комбе имало борба.
Кратко после полноќ денеска беше грабнат затвореник кој во затворот во Идризово отслужувал казна затвор во висина од 20 години поради убиство.
Според нашите информации станува збор за лице со иницијали М.Б од Тетово.