Почетна Убавина и здравјеСтанала жртва на експлоатација! – Убавина и здравје

Станала жртва на експлоатација! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Славната актерка одлучила да се повлече од Холивуд и да му се посвети на производството на вино и семејниот живот

Една од омилените холивудски актерки, Камерон Дијаз, пред повеќе од 10 години одлучила да побегне од Холивуд, а сега, гостувајќи во еден подкаст признала како живее денес.

Препознатлива по својата убавина, талент за глума, но и харизма, Камерон Дијаз направи голема пауза во својата кариера, па уште пред 10 години се повлече од Холивуд.

Актерката, која се прослави со многубројните улоги во познати комедии, одненадеж одлучила дека доста ѝ е од животот под рефлекторите и експлоатацијата на која се изложени жените, па му се посветила на производството на вино и семејниот живот со сопругот Беџи Маден , со кого има две ќерки.


Поврзани објави

Неодамна, при гостувањето во подкастот Rule Breakers, таа раскажала за својот живот по Холивуд, па признала дека донела правилна одлука.

„Паднав во холивудската замка и станав жртва на сите експлоатации на кои се изложени жените. Дозволив да ме третираат како предмет“, рекла, па додала:

„Не морам веќе да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот буквално ми е последното нешто што ми паѓа на памет. Живеам како животно, не се бањам. Имам милион козметички производи и сите собираат прашина на полиците. Можеби двапати месечно земам некој крем, се мачкам и си мислам – добро, веројатно ова е доволно, ќе дејствува ли ако се намачкам само еднаш? Едноставно, моментално не сум во ситуација да трошам каква било енергија на изгледот.“

Инаку, Камерон по подолга пауза од глумата работела на филмот Back in Action со Џејми Фокс, кој излезе во јануари 2025 година.