Аптеките „Еурофарм“ на една наша читателка ѝ подаруваат 3 пакувања лепенки на Brand Italia за лифтинг-ефект.
Станува збор за иновативен производ за смирувачки и лифтинг-третман реализиран со технологијата Dermo Science Cryo Effect, специјален хидрогел кој содржи концентрат од активни состојки кои ги тонираат и навлажнуваат областите околу очите.
Активните состојки обезбедуваат тројно дејство: хијалуронската киселина, со три различни молекуларни тежини, создава навлажнувачки филм кој ја одржува еластичноста на кожата; Колагенот, кој има лифтинг ефект, ја одржува кожата цврста и младолика; Витаминот Е, со своите антиоксидантни својства, делува против стареење на кожата.
Лепенките се микро-перфорирани, со што не се спречува потењето и размената на температурата на кожата, што го засилува ефектот на крио гелот. Нема потреба од плакнење. Лепенките се практични и лесни за употреба благодарение на нивната анатомска форма.
Поврзани објави
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР