Почетна Убавина и здравјеЛепа Брена со емотивна порака за годишнината од смртта на Марина Туцаковиќ! Бура од емоции кои трогнуваат (ФОТО)

Лепа Брена со емотивна порака за годишнината од смртта на Марина Туцаковиќ! Бура од емоции кои трогнуваат (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Пејачката сподели фотографија и стихови од песната „Четири години“, во чест на својата долгогодишна соработничка.

Лепа Брена не ја криеше тагата по повод годишнината од смртта на познатата текстописка Марина Туцаковиќ. На социјалните мрежи таа објави фотографија од Марина и сподели емотивни стихови од нејзината песна „Четири години“.

4… години бол, години тага“, стоеше во објавата што Брена ја пренесе од своја фан-страница.

Со тоа уште еднаш потсети колку недостига нејзината блиска соработничка и пријателка.


Поврзани објави

printscreen instagram/lepabrenaa

Марина Туцаковиќ почина на 19 септември 2021 година по долга и тешка болест. Погребана е на Ново гробље во Белград, во семејната гробница покрај синот Милош Радуловиќ.

Подоцна, во декември 2022 година, трагедијата повторно го погоди семејството – само 15 месеци по смртта на Марина, таму беше погребан и нејзиниот син Милан Радуловиќ – Лаќа, кој почина на 36-годишна возраст во Израел.

printskrin youtube – klix.ba