Почетна ТехнологијаОдбојкарите со одлично издание ја прегазија Грузија на стартот од квалификациите за Европското првенство

Одбојкарите со одлично издание ја прегазија Грузија на стартот од квалификациите за Европското првенство

од nenad
1 минути читај за




Македонската одбојкарска репрезентација забележа убедлива победа од 3:0 во сетови против Грузија на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2026. Одлични беа македонските одбојкари уште од самиот почеток, па поведоа со 15-7 и така го најавија освојувањето на првиот сет кој заврши со 25:12 во наша корист. Не се промени многу сликата ниту во вториот сет кој го освоивме со 25:14. Во последниот Грузијците освоија најмногу, 18 поени, но тоа не значеше ништо во конечниот исход Во следниот меч избраниците на Хари Наковски ќе се соочат со Грција.